Настани

Претстојни настани

Интерцерт во соработка со акредитираното тело за IRCA обуки Intertek од Англија ви ја претставува обуката која е дизајнирана да ви помогне да ги разберете принципите на управување со безбедноста на информациите, како да се имплементираат во вашата организација и да станете одговорен и заслужен за безбедност на информациите.
Усвојувањето на системот за управување со здравјето и безбедноста при работа (OH&S MS) има за цел да и овозможи на организацијата да ги подобри своите перформанси за OH&S во подобрувањето на здравјето и безбедноста при работа и да управува со своите ризици за OH&S. Интерната проверка е суштински елемент за ефективен систем за управување со здравјето и безбедноста при работа, а со посетувањето на овој курс ќе имате корист со учење и развивање на вештините кои ќе помогнат во подобрувањето на перформансите на вашата организација за системот за управување OH&S.
Курсот Интерен проверувач за ISO 14001: 2015 е развиен врз основа на последното издание на овој Меѓународен стандард. Оваа обука е дизајнирана да ви ги даде релевантните вештини и знаења за проценка и известување за усогласеноста и ефективното спроведување на системот за управување со животната средина.
Курсот Интерен проверувач ISO 9001: 2015 е развиен врз основа на последното издание на овој Меѓународен стандард. По еден од најсеопфатните прегледи на овој Стандард од неговото создавање, новото издание се обидува да се прилагоди на променливите времиња преку олеснување на неговата интеграција со други системи за управување и со обид да ги направи подостапни за сите видови организации, особено за услужниот сектор, каде на овој нов Стандард му е даден појасен фокус.
Contact Details