Акредитации

ИНТЕРЦЕРТ Дооел поседува национални и меѓународни акредитации за ISO стандарди, меѓу кои се:

Акредитација преку ИАРНМ – Институт за акредитација на Република Северна Македонија за: ISO 9001:2015 (Систем за управување со квалитет), ISO 14001:2025 (Систем за управување со животната средина) и ISO 45001:2018 (Систем за управување со здравје и безбедност при работа).

ИАРНМИнститут за акредитација на Република Северна Македонија, нуди акредитација на сите заинтересирани страни според пропишаните правила на закон, регулатива или стандард и почитувајќи ги принципите на акредитација. Постигнувањето на мисијата зависи од барањата на соодветните македонски, европски и меѓународни стандарди и упатства од страна на ЕА (Европска соработка за акредитација) и од меѓународните организации за акредитација ILAC (Меѓународна соработка за акредитација на лаборатории) и IAF (Меѓународен форум за акредитација). Визијата на ИАРНМ е да стане призната членка на европските и меѓународните организации и да учествува во развојот на економијата на земјата.

Акредитација преку CAI (Czech Accreditation Institute) – Институт за акредитација на Република Чешка за: ISO 27001:2022 (Систем за управување со безбедност на информации), ISO 20000-1:2018 (Систем за управување со ИТ услуги), ISO 22301:2019 (Систем за управување со Деловен Континуитет), ISO 22000:2018 (Систем за управување со безбедност на храната) и ISO 50001 (Систем за управување со енергија).

CAI(Czech Accreditation Institute) – Институтот за акредитација на Чешка Република обезбедува дека при нашите процеси на сертификација се придржуваме до највисоките меѓународни стандарди, следиме строг етички кодекс и одржуваме непристрасност во текот на сите активности за сертификација.

LL-C Certification, меѓународно признаено сертификационо тело акредитирано од Чешкиот институт за акредитација – ИНТЕРЦЕРT ДООЕЛ е во партнерство со LL-C Certification, меѓународно признаено сертификационо тело акредитирано од Чешкиот институт за акредитација, преку кое нудиме сертификација на повеќе меѓународни стандарди како ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001/ISO 45001, ISO 22000, ISO 27001, ISO 20000, ISO 50001, HACCP и многу други ISO стандарди.

Contact Details