ISO 27701 е меѓународен стандард кој ги дефинира барањата за управување со информациска приватност и заштита на лични податоци. Овој стандард се надоврзува на ISO 27001 (стандард за управување со информациска безбедност) и дава насоки за имплементација на систем за управување со приватноста на податоците (PIMS). ISO 27701 им помага на организациите да прават тековна анализа и да ги намалат ризиците поврзани со процесот на собирање, одржување и обработка на личните податоци, а вооедно и да ги исполнуваат законските и регулаторните барања за приватност на податоци. Стандардот им укажува на клиентите, надворешните засегнати страни и внатрешните засегнати страни дека постојат ефективни системи за поддршка на усогласеноста со GDPR и други закони поврзани за приватност.