Курсот за Интерен проверувач ISO 14001: 2015 е развиен врз основа на последното издание на овој Меѓународен стандард. Оваа обука е дизајнирана да ви ги даде релевантните вештини и знаења за проценка и известување за усогласеноста и ефективното спроведување на системот за управување со животната средина.
Целта на оваа обука е да им обезбеди на учесниците знаења и вештини потребни за извршување на интерни проверки на системите за управување со животната средина како и да придонесат за постојано подобрување на системот за управување.
Кој треба да присуствува?
- Секој вклучен во проверка, одржување или надзор на ISO 14001:2015 EMS
Што ќе научам?
Ќе научите да ги објаснувате:
- Насоките за проверка на системот за управување според ISO 19011:2018
- Примената на овие упатства за проверка на ISO 14001:2015
- Да ги подготвите, спроведете и следите активностите за проверка на ISO 14001:2015
- Да ги идентификувате и применувате придобивките и барањата од проверка на ISO 14001:2015
- Да стекнете вештини за да ја процените способноста на организацијата да управува со нејзиниот Систем за управување (EMS)
- Да пишувате фактички извештаи од проверката.
Ќе добиете вештини за:
- Да ја започнете проверката
- Да ги подготвите активностите за проверка
- Да ги спроведете активностите за проверка
- Да го подготвите и дистрибуирате извештајот од проверката
- Да ја комплетирајте проверката
- Да ја следите проверката
Практични информации
- Тоа е 1-дневен курс.
- Обуката и материјалите ќе бидат обебзедени на Англиски и Македонски јазик.
- Ручек и пијалоците се вклучени во обуката.
- По завршувањето, ќе ви биде доделен сертификат INTERCERT академија.
За повеќе информации во врска со цените и каде се спроведува обуката, ве молиме контактирајте не на следниот контакт:
Даница Арсеновска: [email protected] or +389 70 274 753