Акредитации
ИНТЕРЦЕРТ Дооел поседува национални и меѓународни акредитации за ISO стандарди, меѓу кои се:
ИАРСМ – Институт за акредитација на Република Северна Македонија, кој нуди акредитација на сите заинтересирани страни според пропишаните правила на закон, регулатива или стандард и почитувајќи ги принципите на акредитација. Постигнувањето на мисијата зависи од барањата на соодветните македонски, европски и меѓународни стандарди и насоки од страна на ЕА (Европска соработка за акредитација) и од меѓународните организации за акредитација ILAC (Меѓународна соработка за акредитација на лаборатории) и IAF (Меѓународен форум за акредитација). Визијата на ИАРСМ е да стане призната членка на европските и меѓународните организации и да учествува во развојот на економијата на земјата.