Интервју со Далма Кетеринг: „Сертификацијата преку Интерцерт ни донесе доверба и нови можности“

Објавено на:

јуни 19, 2025

Далма кетеринг

1. Кратко претставете ја вашата компанија Далма Кетеринг:
Далма е македонска компанија специјализирана за подготовка и дистрибуција на оброци.
Нашиот производствен погон се наоѓа во Скопје, каде секојдневно се подготвува свежа и
безбедна храна за голем број клиенти – од јавни институции до приватни компании.
Работиме по највисоки стандарди на хигиена, квалитет и логистика.

2. Со кој стандард се сертифициравте преку Интерцерт?
Се сертифициравме со стандардот ISO 22000 за безбедност на храна, кој беше логичен
чекор со оглед на нашата дејност и одговорност кон крајниот потрошувач.

3. Која беше причината да започнете со процесот на сертификација?
Целта ни беше да воведеме посистематска контрола на процесите, да ја зајакнеме
довербата кај клиентите и да се подготвиме за идни деловни предизвици – вклучувајќи
можности за извоз, јавни набавки и соработка со поголеми партнери. Воедно, гледаме на
стандардизацијата како предуслов за развој, особено во контекст на евроатлантските
интеграции на Македонија.

4. Какво беше вашето искуство со тимот на Интерцерт?
Многу позитивно. Тимот на Интерцерт беше професионален, пријатен и подготвен да
одговори на сите наши прашања. Целата проверка беше темелна, но и едукативна –
научивме нови работи, добивме конструктивни совети и увид во тоа што може да се
подобри. Целиот процес беше транспарентен и навремено спроведен.

5. Дали сертификацијата ви помогна да стекнете нови клиенти или деловни
можности?
Да. Самото добивање на сертификатот беше сигнал за сериозност и професионализам –
што директно влијаеше на довербата кај постоечките клиенти и отвори врати за нови
соработки. Сертификацијата нè позиционираше како сигурен партнер, особено кај
компании и институции кои бараат усогласеност со меѓународни стандарди.

6. Кои се најголемите придобивки што ги почувствувавте по сертификацијата?
Најголемата придобивка е внатрешната стабилност на процесите – од прием на суровини
до финална испорака. Покрај тоа, ја зголемивме продажбата и го зајакнавме брендот.
Сертификацијата делува и како мотив за вработените – бидејќи се чувствуваат како дел од
компанија што работи според јасни и признати правила.

7. Дали би го препорачале Интерцерт на други компании? Зошто?
Секако. Го препорачуваме Интерцерт на сите компании што сакаат да изградат стабилна и сигурна основа за раст. Ќе добијат не само сертификат, туку и вредни насоки, реална
проценка и партнер кој е тука за долгорочна поддршка.

Соговорник: Андреа Кириџиевска Атанасовска, оперативен директор на Далма Кетеринг

Во Интерцерт, им помагаме на организациите да ја структурираат својата услуга според најстрогите меѓународни стандарди и да се истакнат на конкурентниот пазар. Ние обезбедуваме репутација, експертиза, вредност.
Подготвени сте да го унапредите искуството на вашите клиенти со ISO 22000 ?
Контактирајте не и започнете го процесот на сертификација денес.
Погледнете ги сите сертификации кои ги нуди Интерцерт тука.
Facebook
Twitter
LinkedIn
Contact Details