Политика за непристрасност

Сертификациското тело Интерцерт го почитува принципот на непристрасност во извршувањето на своите активности во процесот на сертификација и нема да дозволи комерцијален, финансиски или каков било притисок кој би можел да ја компромитира непристрасноста.

ИНТЕРЦЕРТ ги идентификува, анализира и документира опасностите коишто може да предизвикаат нарушување на приципот на непристрасност во активностите на процесот на сертификација и гарантира дека одлуките за сертификација ќе ги носи врз основа на објективни анализи.

Во случај на поврзаност на Интерцерт, или на персоналот, со организацијата, Интерцерт ќе преземе мерки за елиминирање или минимизирање на заканите, а во случај на неприфатлива закана која го нарушува принципот на непристрасност, ИНТЕРЦЕРТ нема да пристапи кон сертификација.

ИНТЕРЦЕРТ нема да врши сертификација на други сертификациски тела.

ИНТЕРЦЕРТ нема да нуди ниту да спроведува консултантски услуги.

ИНТЕРЦЕРТ нема да нуди ниту да спроведува интерни проверки на своите сертифицирани организации и нема да врши сертификација на организации на коишто спровел интерна проверка во период од две години од денот кога завршила услугата.

ИНТЕРЦЕРТ нема да врши сертификација на организации коишто добиле консултантски услуги или интерни проверки, при што односот меѓу консултантската организација и ИНТЕРЦЕРТ претставува неприфатлива закана за непристрасноста во процесот на сертификација.

ИНТЕРЦЕРТ нема да поддоговара проверки со консултантски компании при што таквиот однос може да претставува закана по непристрасноста во процесот на сертификација,

ИНТЕРЦЕРТ сертификациските активности нема да ги поврзува со активностите на организации кои обезбедуваат консултантски услуги со цел да се рекламира дека сертификацијата или имплементацијата би биле поедноставни, побрзи или поевтини, доколку се одбере Интерцерт или консултантската организација.

ИНТЕРЦЕРТ ги идентификува и анализира заканите за непристрасност коишто произлегуваат од активностите на персоналот вклучен во процесот на сертификација, од други лица, тела или организации и нема да дозволи каков било комерцијален, финансиски и друг притисок што би ја нарушиле непристрасноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn