Политиката на ИНТЕРЦЕРТ е да се задоволат барањата на клиентите преку реализација на услугите за сертификација на системите за управување, со високо ниво на:
- ПРОФЕСИОНАЛНОСТ во пристапот и комуникацијата
- КВАЛИТЕТ во спроведувањето на проверките
- КОМПЕТЕНТНОСТна тимот на проверувачи
- ДОВЕРЛИВОСТ на информациите
- НЕПРИСТРАСНОСТ во процесот на сертификција
* * * * * *
Таквата Политика во ИНТЕРЦЕРТ ќе ја остваруваме преку постигнување на следните цели:
- Одржување и подобрување на системот за управување преку исполнување на критериумите содржани во стандардите ISO/IEC 17021:2015иМКС EN ISO 19011:2018;
- Потврдување на кредибилитетот преку стекнувањето на акредитацијата;
- Спроведување на сертификациските услуги на непристрасен и независен начин;
- Постојано подобрување на компетенциите на персоналот;
- Обезбедување на доверливост и заштита на податоците на клиентите во текот на самата постапка и по неа.
Со основните поставки на Политиката е запознат целиот персонал на ИНТЕРЦЕРТ.