Kако дел од транзицијата кон новиот стандард ISO 37001:2025, а во согласност со одлуката на Меѓународниот форум за акредитација (IAF MD 30:2025), ве информираме деке е утврден двегодишен транзициски период за имплементација на новиот стандард. Поточно, важи следново:
- Транзицискиот период за премин од ISO 37001:2016 кон ISO 37001:2025 завршува на 02.2027 година.
- По истекот на транзицискиот период, сите сертификати кои сè уште се издадени според ISO 37001:2016, а не се транзитирани кон ISO 37001:2025, ќе бидат суспендирани или повлечени.
- Сертификатите издадени или обновени според ISO 37001:2016 за време на транзицискиот период остануваат валидни до нивниот датум на истекување, во рамките на стандардниот тригодишен циклус на важење, но не подолго од 28.02.2027 година.
- Организациите што поседуваат ISO 37001:2016 сертификати можат да мигрираат кон ISO 37001:2025 за време на нивните надзорни или ресертификациски проверки, со претходно писмено известување до нашето сертификациско тело.