Климата е во кризна состојба, повеќе од било кога. Време е да се заштити она што е важно. За нашиот свет. За нашата иднина. Унапредувањето на “зелена политика” е клучна агенда.
Климатска акција
Едно важно средство за постигнување значајно намалување на емисиите на јаглерод е владината политика. Потребна е политика за поддршка на системската транзиција и трансформирање на нашите економии и општества за фер, зелена и просперитетна иднина.
- Стандардите се клучна помош за креаторите на политиките. Тие имаат голема улога во справувањето со климатските промени, од стратешко и регулаторно ниво до проектни цели, до правење поеколошки производи. Донесувањето политики за поддршка на климатските активности би го намалило загадувањето со јаглерод со размери и брзина што прави разлика.
Оваа платформа посветена на климатските активности е дизајнирана да им помогне на креаторите на политиката во нивната посветеност за намалување на нето емисиите на стакленички гасови. Пакетот претставува студии на случај за тоа како стандардите можат да ги поддржат јавните политики и да влијаат на иницијативите за климатски промени.
- Сега е време-да ги исполниме нашите цели и да ја испорачаме иднината со нула јаглерод емисии.
Меѓународните стандарди и публикации на ISO го забрзуваат успешното постигнување на Парискиот договор, Целите за одржлив развој на Обединетите нации и Повикот на Обединетите нации за акција за адаптација и издржливост.
Колаборативен пристап за побрзо и посигурно исполнување на политичките амбиции
Луѓето ќе ги решаваат проблемите побрзо и поефикасно, доколку соработуваат. Работејќи заедно на национално ниво, каде што пазарите се под влијание на политиката што користи или упатува стандарди, може да го забрза исходот што секоја влада сака да го постигне.
- Основната идеја е да се соберат сите релевантни страни за да разработат не само што треба да се направи, туку и како да се направи истото. Овој пристап може да биде побрз и поефективен од традиционалните начини на регулирање за решавање на проблемот.
Ставањето фокус на иновациите и имплементацијата од самиот почеток, како дел од политиката на договарање за потреба од решавање на некое прашање и поставување систем на правила, ќе ги забрза резултатите.
Примери
Овие студии даваат примери за тоа каде стандардите и другите иницијативи, национални и меѓународни, дале решенија за прашања поврзани со климатските промени. Употребата на стандарди во јавната политика може да помогне да се забрзаат резултатите за одржливост и да се поддржи светот да постигне Нето Нула што е можно поскоро.