Во Бикшек, Киргистан во периодот од 5-8 јуни се одржа Регионална обука на обучувачи за систем за управување со енергија ISO 50001. Активното учество на Македонија го претставуваше експертскиот тим:
- Васко Темелкоски – ИНТЕРЦЕРТ,
- Благица Камчева – Еуромак Контрол,
- Александар Герасимовски – Машински универзитет, и
- Вилјам Христовски – ИСРСМ.
Тие ќе ја организираат еднодневната обука за сите заинтересирани страни во нашата земја и ќе направат активности за имплементација на ISO 50001 во 2 пилот компании во Македонија.