ISO 22000: предизвици, трендови и интеграција со другите стандарди

Објавено на:

октомври 6, 2025

ISO 22000

Сертификацијата според ISO 22000 е клучен предуслов за доверба и конкурентност на секој бизнис што произведува или преработува храна.
Овој меѓународен стандард не е само техничка рамка – тој е алатка што им помага на организациите да ја докажат својата усогласеност со локалните и европските законски барања, да воспостават ефикасен систем за управување со ризици и да изградат култура на континуирано подобрување.

Во разговор со нашиот соговорник- Моника Спасовска – проверувач за безбедност на храна, дел од тимот на Интерцерт, ја разгледуваме практичната примена на ISO 22000, и ги одговараме најчестите прашања поврзани со безбедноста на храната:

1.Како ISO 22000 помага во исполнување на локални и европски законски барања?

Имплементацијата и сертификацијата со ISO 22000 (Систем за управување со
безбедност на храна) им овозможува на организациите да обезбедат усогласеност
со релевантните локални и европски законски и регулаторни барања. Стандардот
опфаќа клучни елементи како што се HACCP принципите, управување со ризици,
предусловни програми, хигиенски услови, следливост, правилно пакување и
етикетирање, управување со алергени и други критични аспекти од безбедноста на
храната, кои се директно поврзани со законската регулатива.

2.Кои се најчестите предизвици при воведување на системот (ISO 22000) и како да се надминат?

При воведување на стандардот ISO 22000:2018, најчестите предизвици кои се
појавуваат се:

  • Недоволна свест или ангажман од страна на раководство (Начинот на
    надминување е преку соодветни обуки и претставување на придобивките на
    бизнисот од самата сертификација)
  • Недоволна обука/познавање на стандардите (се решава со континуирани обуки,
    практични вежби и активно вклучување на вработените во процесот).
  • Отпор кон промени (се надминува преку внатрешна комуникација, мотивација и
    создавање на култура на безбедност на храна).
  • Ресурси (со правилен план, проценка на инвестирање и управување со ризици ќе
    се обезбедат ресурси за правилно спроведување на системот)
  • Набавка (преку дефинирање на критериуми за безбедност на храната во
    договорите со добавувачите и нивно редовно следење и евалуација.).

3. Како да се подготви тимот и вработените за сертификација?

За успешна сертификација, потребно е да се формира мултидисциплинарен тим
составен од претставници на сите релевантни сектори. Тимот треба да биде
обучен за барањата на ISO 22000, да изврши проценка на тековната состојба, да
развие HACCP план, процедури, упатства и систем за следење и евиденција.
Потребно е постојано вложување во знаење, обука и свесност кај вработените, за
да можат доследно да ги применуваат стандардите и процедурите.
Континуираниот мониторинг, интерните ревизии и корективните мерки се клучни за
одржување на ефикасноста на системот.

4.Нови барања и трендови во безбедноста на храна (алергени,
контаминации, одржливост)

Новите верзии на повеќето стандарди и системи за безбедност на храна го
зголемуваат значењето и вниманието кон ризикот од алергените и вкрстената
контаминација. Контролата на добавувачите и следливоста, со зголемена
транспарентност низ целиот синџир на снабдување, како и кон зголемување на
улогата на дигитализација и автоматизација со помало влијание врз животната
средина – управување со отпад, енергија, вода, емиција на гасови.

5. Врската на ISO 22000 со ISO 14001 и ISO 9001

Главниот фокус на ISO 22000:2018 и ISO 9001:2015 е обезбедување на
квалитетен производ/услуга, задоволство на потрошувачите и документирани
процедури, записи, мониторинг и мерење на перформансите, корективни мерки,
интерни проверки и континуирано подобрување.
Комбинирање на стандардите ISO 22000 и ISO 14001 овозможува организациите
да создадат интегриран систем каде што еколошкото управување се зема предвид
во сите фази од производство. Зголемен е фокусот кон управување со отпад,
потрошувачката на ресурси и законските барања.

Безбедноста на храната – одговорност, доверба и конкурентна предност

Имплементацијата на ISO 22000 не е само чекор кон добивање на сертификат – тоа е процес што ја трансформира организациската култура, ја зголемува свесноста за ризиците и создава повисоки стандарди во секој дел од синџирот на производство.

Во време кога потрошувачите сe повеќе бараат транспарентност и квалитет, а европските регулативи стануваат построги, ISO 22000 претставува мост помеѓу усогласеност и доверба.
Компаниите кои го воведуваат овој стандард не само што обезбедуваат безбедни производи, туку и градат долгорочна репутација на сигурен и одговорен производител.

Побарајте бесплатна понуда и дознајте како можеме да и помогнеме на вашата компанија.

Контактирајте не на: +389 2 614 7674

Facebook
Twitter
LinkedIn
Contact Details