Интерен проверувач за ISO 22000:2018, Систем за управување со безбедност на храната – Обука
Целта на обуката: стекнување на теоретски и практични знаења за спроведување на интерни проверки во организација која го применува стандардот ISO 22000:2018.
За време на обуката ќе бидат презентирани теоретските основи, а преку работилници и решавање на конкретни задачи учесниците ќе можат да планираат и вршат проверки во организацијата како интерен проверувач, кој по обуката ќе добие сертификат.
Материјал: секој учесник добива материјали за обука во печатена форма.
Начин на достава: во просториите на Интерцерт, на македонски јазик.
Содржина на обуката:
Обуката се состои од:
– теоретски дел;
– практични вежби.
– испит на крајот на обуката (тест)
Начин на апликација:
Апликациите може да се направат на:
е-пошта: [email protected];
Контакт: Даница Арсеновска, мобилен: ++389 70 274 753