Светски Ден на Стандардите 2023

Објавено на:

октомври 13, 2023

Светскиот ден на стандардите (WSD), кој се одржува секоја година на 14 октомври, нуди можност да се подигне свеста и да се разбере важноста на стандардизацијата.

14 октомври 1946 година, делегати од 25 земји за првпат се состанале во Лондон и одлучиле да создадат Меѓународна Организација, фокусирана на олеснување на стандардизацијата.

Иако ISO e формиран една година подоцна, дури во 1970 година e прославен првиот Светски ден на Стандардите.

Тоа претставува заедничка иницијатива на Меѓународната електротехничка комисија (IEC), Меѓународната организација за стандардизација (ISO) и Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), кои секоја година развиваат елементи на кампањата за зајакнување на глобалната заедница.

Стандардите се од голема важност за речиси секој дел од нашиот секојдневен живот. Тие гарантираат дека производите и услугите работат на начинот на кој ние очекуваме, правејќи го животот побезбеден.

Стандардите се од суштинско значење за постигнување на Агендата за 2030 година и создавање поправеден, поодржлив свет.

Агендата 2030 е амбициозен план за акција за земјите, системот на ОН и сите засегнати страни. Агендата е најсеопфатниот план досега за елиминирање на екстремната сиромаштија, намалување на нееднаквоста и заштита на планетата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Contact Details