Како ISO 14001 сертификацијата со Intercert го зајакна угледот и конкурентноста на компанијата Теламон

Објавено на:

февруари 9, 2025

iso

Во денешниот свет, одржливоста и еколошката одговорност не се само трендови – тие се клучни барања за сериозни компании. За Теламон, компанија која се стреми кон највисоки стандарди, стекнувањето на ISO 14001сертификатот беше стратешки потег кој донесе значајни бизнис придобивки. Благодарение на професионалниот пристап на Intercert, процесот на сертификација не само што беше успешен, туку и го зацврсти нивниот кредибилитет на пазарот.

Зошто Теламон го избра Intercert?

Одлуката да се избере Intercert за сертификација според ISO 14001 не беше случајна. Теламон веќе имаше позитивно искуство преку претходна успешна соработка со Дрекселмаер, што дополнително ја потврди довербата во квалитетот и експертизата на тимот на Intercert.

Придобивките од ISO 14001 за Теламон

Стекнувањето на ISO 14001 сертификатот значително ја подобри конкурентската позиција на Теламон на пазарот. Овој стандард е “must-have” за нивните клиенти, а сертификацијата ја зајакна нивната репутација кај постоечките и потенцијалните партнери. Освен тоа, Теламон стана единствената локација во рамките на компанијата која го има овој сертификат, што дополнително ја истакна нивната посветеност на еколошката одговорност.

Но, бенефитите не се само надворешни – сертификацијата имаше силно влијание и внатрешно, во компанијата. Се зголеми свесноста кај вработените за важноста на заштитата на животната средина, што доведе до подобрување на интерните процеси и зголемена одговорност во секојдневното работење.

Процесот на сертификација – поддршка од професионалци

За Теламон, процесот на сертификација беше ново искуство, но благодарение на тимот на Intercert, целиот процес помина лесно и професионално. Проверувачите од Intercert не само што го воделе процесот со највисоко ниво на експертиза, туку и несебично ги споделувале своите знаења и добри практики. Овој пристап им помогна на Теламон не само да ја добијат сертификацијата, туку и да ги подобрат своите интерни системи за управување.

Што го издвојува Intercert од другите сертификациски тела?

Кога станува збор за изборот на сертификациско тело, Теламон ја нагласува професионалноста, флексибилноста и подготвеноста на тимот на Intercert да сподели добри практики. Брзината на услугата и нивниот детално структурираниот пристап ја направија соработката продуктивна и ефективна.

Резиме: ISO 14001 – Клуч за успех со Intercert

Со сертификацијата за ISO 14001, Теламон не само што ја зајакна својата пазарна позиција, туку и внесе позитивни промени во своите внатрешни процеси. Благодарение на поддршката од Intercert, тие успеаја да ги подигнат стандардите во работењето, да ја зголемат свесноста кај вработените и да ја изградат довербата на своите клиенти.

Доколку и вашата компанија сака да го направи следниот чекор кон одржлив успех, Intercert е партнерот кој ќе ви помогне да ја постигнете вашата визија. Контактирајте не за да добиете понуда!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Contact Details