Што е ISO 27701 стандард – Управување со приватност на информации
ISO 27701 е меѓународен стандард кој ги дефинира барањата за управување со информациска приватност и заштита на лични податоци. Овој стандард се надоврзува на ISO 27001 (стандард за управување со информациска безбедност) и дава насоки за имплементација на систем за управување со приватноста на податоците (PIMS). ISO 27701 им помага на организациите да прават тековна анализа и да ги намалат ризиците поврзани со процесот на собирање, одржување и обработка на личните податоци, а вооедно и да ги исполнуваат законските и регулаторните барања за приватност на податоци. Стандардот им укажува на клиентите, надворешните засегнати страни и внатрешните засегнати страни дека постојат ефективни системи за поддршка на усогласеноста со GDPR и други закони поврзани за приватност.
Главни предности на ISO 27701 сертификација
- Заштита на лични податоци: Помага во спроведување на најдобрите пракси за заштита на личните податоци, со што значително ја намалува веројатноста за неовластен пристап или злоупотреба на податоците.
- Согласност со закони и регулативи: Помага во усогласување со глобалните закони и регулативи за заштита на приватност, како што се GDPR (Европска унија) или CCPA (Калифорнија).
- Зголемена доверба кај клиенти и партнери: Покажува сериозност и посветеност за безбедноста на податоците, со што го подобрува кредибилитетот на клиентите и деловните партнери.
- Контрола на ризиците: Го подобрува управувањето со правните и финансиските ризици кои се поврзани со злоупотреба на податоци и прекршување на приватноста.
- Конкурентна предност: Сертифицираните организации се препознати како лидери во индустријата за приватност и безбедност и како некој на кој може да му се верува.
Придобивки од добивањето на ISO 27701 сертификат
- Применливост на глобално ниво: Преку примена на стандардот организацијата ја адаптира работата во различни региони и со различни правни рамки. Сертификатите издадени од Интерцет се признаваат на глобално ниво.
- Проактивно управување со податоци: Ефикасно управување со лични податоци значи контрола и редовно ажурирање на процесите, со што следува подобра и поефикасна заштита на податоците на долг рок.
- Организациска свест за приватност: Преку примена на стандардот се зголемува свеста во организацијата за важноста на приватноста на податоците.
- Подобрување на корпоративна репутација: Примена на стандардот покажува дека организацијата е посветена на највисоките стандарди на безбедност, етика и почитување на приватноста на клиентите и вработените.
- Унапредување на внатрешни процеси: Преку примена на стандардот се подобруваат внатрешните процеси за заштита на податоците со што се доведува до поголема ефикасност во работата и навремено идентификувањето на потенцијалните закани.
Како да се добие сертификат ISO 27701?
- Обука и подготвеност: Запознајте се со барањата на стандардот ISO 27701 и започнете со анализа на актуелните пракси за заштита на податоци и нивната усогласеност со стандардот.
- Имплементација: Имплементирајте политики и процедури за заштита на лични податоци во согласност со ISO 27701 и GDPR.
- Пред-сертификација проверка: Спроведете интерна проверка и проценка на подготвеност.
- Избор на сертификационо тело: Изберете тело за сертификација.
- Официјална проверка: Телото за сертификација ќе спроведе надворешна проверка.
- Сертификација: Доколку ги исполнувате барањата, ќе добиете ISO 27701 сертификат.
Кои индустрии го имплементираат ISO 27701?
- Технолошка индустрија: Компании кои управуваат со големи количини на лични податоци.
- Здравство: Болници и здравствени институции кои ракуваат со лични здравствени податоци и дигитални апликации за мониторирање на здравјето.
- Финансиски институции: Банки, осигурителни компании и други финансиски организации кои управуваат со чувствителни податоци.
- Продажни и малопродажни индустрии: Компании кои обработуваат лични податоци на купувачи или корисници.
- Професионални и консултантски услуги, како и човечки ресурси
- Државни и јавни институции: Образовни институции и едукативни технологии и апликации, владини агенции и медиумски компании
- Логистика: Превозници и логистички компании
Колку долго трае ISO 27701 сертификатот?
ISO 27701 сертификатот е валиден три години. Сепак, потребни се годишни надзорни проверки за да се осигура усогласеноста со барањата. По истекот на трите години, се спроведува ресертификација.
Како да го имплементирам ISO 27701?
- План: Направете план за имплементација за ISO 27701.
- Создадете тим: Назначете одговорни лица за имплементација.
- Проценка на сегашни практики: Проверете и споредете ги актуелните пракси за заштита на податоци и нивната усогласеност со стандардите.
- Дефинирајте политики и процедури: Воспоставете документиран систем за ISO 27701.
- Едукација: Обучете ги вработените за барањата на ISO 27701.
- Спроведување на контроли и процеси: Интегрирајте ги новите политики и процедури во секојдневните активности.
- Мерење и мониторинг: Поставете механизми за следење и евалуација на перформансите.
- Подготвителна ревизија: Спроведете интерна проверка за проверка на усогласеноста.
- Сертификација: Вклучете се во процесот на проверка од сертификационото тело.