HACCP

Што претставува HACCP ?

Сертификатот HACCP ги опфаќа процесите и услугите за производство на храна во прехранбениот сектор и ги специфицира потребните хигиенски барања за производство на безбедна храна. Тој се фокусира на идентификување, оценување и контролирање на опасностите кои можат да ја загрозат безбедноста на храната во текот на процесот на производство. Постојат 7 принципи на HACCP, кои претставуваат основни барања за примена на HACCP системот.

Успешната апликација на HACCP системот бара целосна посветеност и вклучување на менаџментот на фирмата и мултидисциплинарен пристап.

Зголемената доверба на клиентите, избегнување на непотребни трошоци, ефикасно користење на ресурсите, усогласеност со законските барања и намалените ризици за безбедноста на храната се клучни фактори за бизнисите кои сакаат да се позиционираат повисоко на национално и меѓународно ниво.

Кои се главни предности на HACCP сертификација ?

  1. Загарантирана безбедност на храна: Покажува дека храната која е произведена е безбедна за консумација од страна на потрошувач.
  2. Конкурентска предност: Конкурентска предност на пазарот и подобра репутација за компанијата.
  3. Регулаторна усогласеност: Исполнет законски предуслов или барање за работа со храна.
  4. Зголемена доверба кај потрошувачите и купувачите:Стекнување и/или зацврстување на довербата во однос на безбедноста на производот кај познати и кај потенцијални клиенти.
  5. Сеопфатен пристап за контрола на ризиците: Фокусна контрола на ризиците низ целиот производствен процес, од примарни материјали до финални производи.

Придобивки од добивањето HACCPсертификат

  • Зголемена ефикасност: Помага во унапредување на оперативните процеси, се минимизираат грешките во производниот процес и се намалува отпадот.
  • Конзистентен квалитет: Гарантира дека сите производи се произведени според истите стандарди и процедури.
  • Заштита на прехранбените производи: Минимизирање на микробиолошка, хемиска и физичка контаминација во текот на процесот на производство и во текот на ланецот на испорака.
  • Намалување на трошоци: Потенцијално намалување на трошоци поврзани со неусогласеност на производите.
  • Оптимизирање на процесите: Помага во оптимизирање на производните процеси преку подобрување на контролата и мониторингот на сите фази од производството.

Како да се добие сертификат за HACCP?

  1. Образование и подготвеност: Запознајте ги барањата на Системот за управување со безбедност на храна HACCP и неговите принципи.
  2. Имплементација: Воведете систем за управување со безбедност на храна кој ги исполнува барањата на HACCP и неговите принципи.
  3. Пред-сертификациска проверка: Спроведете интерна ревизија и проценка на подготвеноста.
  4. Избор на сертификационо тело: Изберете акредитирано тело за сертификација.
  5. Официјална проверка:Акредитирано тело за сертификација ќе спроведе надворешна ревизија.
  6. Сертификација: Доколку ги исполнувате барањата, ќе добиете HACCP сертификат.

Кои индустрии го имплементираат HACCP?

  • Производство на храна и пијалоци
  • Производители на амбалажа за пакување на храна
  • Хранливи додатоци и адитиви
  • Земјоделство
  • Транспорт и дистрибуција
  • Производство на опрема за храна
  • Складирање на храна
  • Ресторански услуги и угостителски услуги

Колку долго трае HACCP сертификатот?

HACCP сертификатот е валиден три години. Сепак, потребни се годишни надзорни ревизии за да се осигура усогласеноста со барањата. По истекот на трите години, се спроведува ресертификација.

Како да го имплементирам HACCP?

  1. План:Направете план за имплементација на HACCP.
  2. Создадете тим:Назначете одговорни лица за имплементацијата.
  3. Проценка на сегашни практики:Идентификувајте ги слабостите и празнините во системот.
  4. Дефинирајте политики и процедури:Воспоставете документиран систем за управување со безбедност на храна, дефинирајте ги опасностите и определете ги критичните контролни точки.
  5. Едукација:Обучете ги вработените за барањата на HACCP принципите.
  6. Спроведување:Интегрирајте ги новите политики и процедури во секојдневните активности.
  7. Мерење и мониторинг:Поставете механизми за следење и евалуација на перформансите.
  8. Подготвителна ревизија:Спроведете интерна ревизија за проверка на усогласеноста.
  9. Сертификација:Вклучете се во процесот на официјална ревизија од сертификационо тело.
Facebook
Twitter
LinkedIn
Contact Details