На 22.05.2023 година во просториите на ОУ „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризаре, Велес, управителот на меѓународното сертификациско тело ИНТЕРЦЕРТ од Скопје, г-дин Васко Темелкоски, свечено го врачи сертификатот ISO 9001:2015 на директорката на основното училиште Тања Николова за успешно завршена сертификација на системот за менаџмент со квалитет.
ООУ „Рајко Жинзифов“ е прво училиште во нашата земја кое го има имплементирано и го применува Системот за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015 во делокругот на образовниот процес.
Посветеноста на раководството да имплементира систем за квалитет во нивното работење ја потврдува заложбата на директорката и на училишниот одбор за континуирано подобрување на квалитетот, обезбедување поефикасно работење и подобрување на задоволството на учениците и родителите. Воедно сертификатот е и потврда за нивната досегашна успешна работа и мотивација за понатамошно подобрување.