FITR станува првата сертифицирана државна институција со ISO 37001:2017 , Стандард за системи за управување против поткуп . Неговата цел е континуирано и темелно спроведување на политика на нулта толеранција за мито и корупција.
Борбата против корупцијата и криминалот е еден од врвните приоритети на Владата и за неа е потребна вклученост на сите институции. ФИТР дава позитивен пример за вклученоста на институциите во спречувањето на корупцијата. Сертификацијата ги идентификува обврските и одговорностите на Фондот во спречувањето на корупцијата, одговорностите на вработените во извршувањето на активностите поврзани со спречување на мито и корупција и друго. – рече Љупчо Николовски
Воведувањето на ISO 37001:2017 ги опфаќа и вработените, нивната одговорност и работата која треба да биде посветена на јавниот интерес, како и засегнатите страни во Фондот.
Сертификацијата е иницирана од Фондот, а добивањето глобално признати стандарди е уште една потврда за успешноста на неговите процеси и политики. Верувам дека сертификацијата ќе ја зголеми довербата во Фондот како институција која претставува значаен промотор на иновациите, технолошкиот и економскиот раст и развој во земјата. – рече Коста Петров
Се надеваме дека ФИТР ќе биде силен поттик и другите државни институции да го следат нашиот пример. Процесот се одвиваше во изминатите 6 месеци.