Loading Events

« All Events

Обука (25.06.2024) за Интерен проверувач за Систем за управување со квалитет ISO 9001:2015

јули 25 @ 8:00 am - 5:00 pm

Курсот за Интерен проверувач на ISO 9001: 2015 е развиен врз основа на последното издание на овој Меѓународен стандард. По една од најсеопфатните прегледи на овој стандард од неговото создавање, новото издание се обидува да се прилагоди на променливите времиња со олеснување на неговата интеграција со други системи за управување, и преку обид да се направат подостапни за сите видови организации, особено услужниот сектор, каде на овој нов Стандард му е даден појасен фокус.

Проверката на квалитет е алатка за управување што ја користат организациите за да ја проценат ефективноста на нивниот систем за управување со квалитет во согласност со барањата на ISO 9001: 2015, со цел да се воспостават и подобрат нивните политики, цели, стандарди и други барања за квалитет и да се постигне континуирано подобрување.

Кој треба да присуствува?

  • Секој вклучен во проверка, одржување или надзор на ISO 9001:2015 Системот за управување (QMS)
  • Персонал одговорен за спроведување на интерните проверки
  • Оние кои сакаат да ги следат перформансите на системот за управување со квалитет

Учесниците ќе можат да научат:

  • Насоките за проверка на системот за управување според ISO 19011:2011
  • Примена на упатствата за проверка на ISO 9001:2015
  • Иницирање, подготовка и спроведување на активности за проверка
  • Подготовка и дистрибуција на извештајот од интерната проверка
  • Завршување на проверката и следењето

Практични информации

  • Тоа е 1-дневен курс.
  • Обуката и материјалите ќе бидат обебзедени на Англиски и Македонски јазик.
  • Ручек и пијалоците се вклучени во обуката.
  • По завршувањето, ќе ви биде доделен сертификат INTERCERT академија.

За повеќе информации во врска со цените и каде се спроведува обуката, ве молиме контактирајте не на следните контакт податоци:

Даница Арсеновска, [email protected] или  +389 70 274 753

Details

Date:
јули 25
Time:
8:00 am - 5:00 pm

Venue

Online