Опис на курсот
Овој курс има за цел да им ги обезбеди на учесниците потребните знаења и вештини за извршување на интерна проверка врз основа на барањата на ISO 22000 Систем за управување со безбедност на храна (FSMS)и ISO 19011 упатства за системот за управување со ревизија.
ISO 22000 FSMS е најновата верзија на меѓународен стандард дизајниран за прехранбената индустрија. Овој курс за обука е дизајниран да ве води низ принципите, барањата и практиките на меѓународниот стандард ISO 22000 и да научите како да придонесете за постојано подобрување на системот за управување.
Целта на обуката обезбедува сеопфатен трансфер на знаење и разбирање на процесот на интерна проверка врз основа на барањата на ISO 22000 и ISO 19011 упатствата за системот за управување со проверка.
Како ќе имам корист?
Овој курс ќе ви помогне да можете да:
- Ги опишете барањата на системот за безбедност и управување со храна според ISO 22000,
- Да го опишете моделот на FSMS базиран на анализа на опасност и пристап заснован на ризик на ISO 22000,
- Да ја опишете улогата на интерна проверка во одржувањето и подобрувањето на системите за управување,
- Да планирате, спроведете и пријавете интерна проверка на дел од FSMS во согласност со ISO 19011.
Што ќе научам?
Ќе научите за:
- Насоки за проверка на системот за управување според ISO 19011
- Примена на упатства за проверка според ISO 22000,
- Иницирање, подготовка и спроведување на активности за проверка
- Подготовка и дистрибуција на извештајот од интерната проверка
- Завршување на проверката и следењето
Кој треба да присуствува?
Овој курс е наменет за оние кои се вклучени во планирањето, спроведувањето или надзорот на системот за управување со безбедноста на храната ISO 22000, како и интернаите проверувачи од кои се бара да вршат интерни проверки за системот ISO 22000 на нивната компанија. Тие можат да бидат претставници на менаџментот, менаџери за производство, директори за Оезбедување Квалитет итн.