ПРАКТИЧЕН ВОДИЧ ЗА МИГРАЦИЈА НА ISO 9001.2008 ВО ISO 9001:2015

ISO 9001 е стандард за управување со квалитет кој им помага на компаниите да постигнат што поглема ефективност и ефикасност во својата работа за да го зголемат задоволството на своите клиенти, а со тоа и профитот.

Во светот има повеќе од 1,1 милион сертифицирани компании.

Новата верзија ISO 9001:2015 е официјално објавена на 15 септември, со што ја заменува досегашната верзија ISO 9001:2008.

Зошто стандардот е ревидиран?

macedonia


Стандардот се ревидира на секои пет години за да се одржи потребната усогласеност со глобалните промени коишто се случуваат на пазарот.

Глобализацијата во голема мера го промени светот, а со тоа и начинот на којшто се менаџира бизнисот, така што компаниите се соочени со покомплексни околности на работење отколку во минатото. Од друга страна, се менуваат и очекувањата на клиентите и другите заинтересирани страни. ISO 9001 мора да одговора на новите предизвици коишто ги диктира пазарот.




Кои се клучните промени?

Новата верзија на ISO 9001 претставува сосема различна платформа, којашто е и заедничка структура со другите стандарди (HLS – High Level Structure), со што ќе ја олесни имплементацијата на интегрираните системи (ISO 14001, 18001, 27001 итн.)

Претходната верзија беше повеќе насочена кон пропишување на документираните процедури и записи, додека новата верзија повеќе се концентрира на процесот на менаџирање, а помалку на документацијата (термините прирачник, процедура, запис, се заменуваат со „документирана информација“).

Новата верзија на стандардот е повеќе фокусирана на перформансите, комбинирајќи го процесниот пристап со управувањето со ризици, како и Деминговата алатка на сите нивоа во организацијата.

Кои се бенефитите за компанијата?

- Поголем фокус на управувањето со бизнисот
- Помага да се откријат ризиците и можностите за нивно отстранување
- Користи едноставен јазик и заедничка структура за интеграција со другите стандарди
- Го нагласува поефективно управувањето со синџирот на набавки
- Ја намалува непотребната документација
- Многу е полесен за имплементирање за помалите компании, особено од услужната дејност

macedonia

Најчесто поставувани прашања

Моментално имате ISO 9001:2008 сертификат. Како промените ќе влијаат на вашата компанија?
Компаниите коишто имаат сертифициран ISO 9001 ќе мораат да ги ревидираат постоечките процеси во период од три години од датумот кога што е објавен стандардот, односно најдоцна до 15.09.2018 г.

Дали новата верзија ќе биде потешко да се имплементира отколку ISO 9001:2008?
Не. Организацијата треба само да ги следи барањата на новата верзија на ISO 9001:2015. Секоја компанија мора прво да го земе предвид својот контекст на дејствување: Големината на компанијата; Основната дејност; Комплексноста на работата; Ризиците со коишто се среќава.
Во новата верзија ISO 9001:2015 малите компании, особено од услужната дејност, ќе можат многу полесно да го имплементираат стандардот.

Дали досегашната документација ќе биде целосно неупотреблива (прирачник, процедури итн.) и ќе треба сѐ одново да се изработи?
Не. Повеќето компании коишто имаат ISO 9001:2008 по изработувањето на анализата на ризици ќе согледаат дека поголемиот дел од системот ги задоволува барањата на новата верзија. Ќе биде потребно да се усогласи постоечката документација со новите барања, како што се: контекстот на организацијата, контролата на ризици итн.

Вашата компанија не е сертифицирана. Дали ќе може да се сертифицира според ISO 9001:2008 или мора според новата верзија на стандардот?
Може да се спроведе сертификација според старата верзија на стандардот во периодот на транзиција. Но, имајте предвид дека рокот на истекување на важноста на ISO 9001:2008 е 15 септември 2018 година, така што вашиот сертификат нема да има важност од 3 години. До истекот на рокот, вашата компанија мора да изврши транзиција во новата верзија на стандардот, како и да спроведе сертификациска проверка по што ќе стекне нов сертификат според новата верзија на стандардот и продолжување на важноста до истекот на рокот на претходниот сертификат.

Што ако ресертификацијата на стандардот на вашата компанија е на почетокот на 2016 година и немате време за транзиција во новата верзија?
Можете да спроведете ресертификација според ISO 9001:2008 и потоа да почнете со миграција во новата верзија, така што следната година (2017) да извршите проверка според новата верзија на стандардот.
Проверката ќе се спроведе во две фази, како и сертификациската проверка.

Дали ќе биде потребно вработените повторно да се обучуваат за новата верзија на стандардот?
Да. Минимална обука којашто треба да ја добијат е свесност за новиот стандард и за влијанијата врз работата. Оние коишто имаат или сакаат да се стекнат со сертификат за внатрешен проверувач, ќе мора да спроведат соодветна обука согласно ISO 9001:2015.

Дали е подобро да се почне веднаш со миграција?
Тоа е стратешко прашање на компанијата и секоја компанија треба индивидуално да согледа дали е подготвена за миграција. Секако, не треба да се избрзува сѐ додека вработените не се стекнат со новите знаења за стандардот и да се извршат потребните подготовки, но не треба да се чека ниту последната минута.

Што ќе се случи ако компанијата не успее да изврши миграција во предвидениот период?
Во тој случај сертификатот издаден според ISO 9001:2008 по 15 септември 2018 година нема да биде валиден и компанијата нема да се смета дека е сертифицирана.

Што треба да се направи?

- Обезбедете соодветна обука и свесност кај сите вработени и заинтересирани страни за новите промени
- Почнете со усогласување на вашиот постоечки систем со новите барања на стандардот или побарајте помош од консултантска компанија
- Направете анализа на ризиците согласно новите барања
- Сертифицирајте се според новата верзија ISO 9001:2015 со

macedonia


Дебарца 6 (Центар –Дебар маало)
1000 Скопје, Македонија
Тел. 02 615 88 99
Моб. 076 258 052
email: info@inter-cert.net





Назад кон Новости