IRCA АКРЕДИТИРАНА ОБУКА ЗА ВОДЕЧКИ ПРОВЕРУВАЧ ПО НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015

Објавено на: 10.03.2017

ИНТЕРЦЕРТ во соработка со RINA ACADEMY, организира петдневна обука за Водечки Проверувач за новата верзија на стандардот ISO 9001:2015.

IRCA АКРЕДИТИРАНА ОБУКА ЗА

ВОДЕЧКИ ПРОВЕРУВАЧ ПО НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015

Скопје, 3-7 Април, 2017 година

ЦЕЛ НА ОБУКАТА:

  • Да се објасни новиот пристап и барањата на новиот стандард ISO 9001:2015 од аспект на водечки проверувач

  • Основни принципи на управувањето со квалитет

  • Стекнување со потребни компетенции за изведување на проверки согласно

ISO 9001:2015

  • Како да се искористи теоретското познавање на стандардот во пракса?

  • Кој може да биде водечки проверувач?

  • Што се треба да знае и применува еден водечки проверувач?

  • Како правилно да се разберат и распознаат барања на стандардот?

  • и уште многу други прашања

ЦЕЛНА ГРУПА:

  • Сите кои сакаат да станат Водечки или Интерни проверувачи согласно ISO 9001:2015

  • Менаџери и Координатори за Квалитет

  • Консултанти, тренери и проверувачи на Системи за Квалитет

  • Претставници од организациите кои работат согласно ISO 9001:2008 и/или ISO 9001:2015

  • Сите кои сакаат да ги надградат своите квалификации и знаења од областа на Системите за Квалитет и сакаат да се стекнат со доказ (сертификат) за својата компетентност

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

Интерактивна обука, вежби на реални примери, дискусии и симулација на екстерна проверка. На крајот на обуката ќе се спроведе тестирање. Учесниците коишто успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со IRCA сертификат. Бројот на места е ограничен и истите брзо се пополнуваат. Резервации до 27 Март 2017. За сите дополнителни информации слободно контактирајте не.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКАТА:

Секој учесник на обуката ќе добие комплет материјали, копија од нстандардот ISO 9001:2015, агенда за обуката, презентација од обуката, практичните вежби од самата обука, материјал за пишување.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА:

Обуката ќе се изведува во пет дена со времетраење од вкупно 40 часа.

НАЧИН НА РЕГИСТРАЦИЈА:

За да ја посетите оваа обука неопходно е да ja пополните Пријавата за учество на обуката и да го уплатите износот од 33,990 + ДДВ најдоцна до 31 Март 2017 г.

НАПОМЕНА:

- За пријавени 2 или повеке кандидати од иста организација следува 10% попуст
- Бројот на места е ограничен на 10. Заради големиот интерес, истите брзо се пополнуваат и затоа Ве замолуваме да резервирате веднаш.


Уплата на:
ИНТЕРЦЕРТ ДООЕЛ Скопје
Шпаркасе Банка, ж-ка: 250-0050000572-68

Информации на: Дебарца 6 (Центар –Дебар маало)
1000 Скопје, Македонија
Тел. 02 615 88 99
Моб. 076 258 052
email:
info@inter-cert.net

ПЛАН ЗА ОБУКАТА:

ОБУКА ЗА ВОДЕЧКИ ПРОВЕРУВАЧ НА СИСТЕМOT ЗА МЕНАЏМЕНТ СО КВАЛИТЕТ СОГЛАСНО ISO 9001:2015

ПЛАН ЗА ОБУКАTA

1.ДЕН

Времетраење

Опис на активности

08:30-13:00

Лекција 0. Запознавање со обуката и учесниците

Лекција 1. Запознавање со Системот за менаџмент со квалитет (СМК)

Лекција 2. Процес на сертификација

Пауза за кафе

Лекција 3. Процес на проверка- прв дел

13:00-14:00

Пауза за ручек

14:00-17:30

Преглед на Вежба

Лекција 4. Законодавство и Стандарди

Лекција 5А. Управувања преку процеси

Лекција 5Б. Размислување базирано на ризици

Пауза за кафе

Утврдување на клучните теми

Лекција 6. Докази од проверката на СМК



2.ДЕН

Времетраење

Опис на активности

08:30-09:00

Повторување на клучните теми и цели на обуката од претходниот ден (Лекција 1- Лекција 6)

09:00-13:00

Лекција 6. повторување-Изведување на проверка на СМК

13:00-14:00

Пауза за ручек

14:00-17:30

Лекција 6. повторување-Изведување на проверка на СМК

Лекција 6. повторување-Изведување на проверка на СМК

Утврдување на клучните теми

Предиспитна вежба-прва

Преглед на првата предиспитна вежба

Пауза за кафе

Лекција 7. Планирање на проверка и подготовка

Индивидуална работа 01- Анализа на документи

Преглед на Индивидуалната работа 01



3.ДЕН

Времетраење

Опис на активности

08:30-09:30

Повторување на клучните теми и цели на обуката од претходниот ден (Лекција 6- Лекција 7 дел1)

09:30-13:00

Тимска работа 01- Подготовка на План за проверка

Преглед на Тимската работа 01

Предиспитна вежба-втора

Пауза за кафе

Преглед на втората предиспитна вежба

Лекција 8. Процес на проверка- втор дел

Тимска работа 02- Подготовка на Листа со прашања

13:00-14:00

Пауза за ручек

Преглед на Тимскатата работа 02

14:00-17:30

Тимска работа 03- Воведен состанок

Преглед на Тимската работа 03

Пауза за кафе

Предиспитна вежба-трета

Преглед на третата предиспитна вежба

Проверка на локација (Индивидуални и тимски задачи)

Повторување на клучните теми





4.ДЕН

Времетраење

Опис на активности

08:30-13:00

Лекција 9. Структура и формулација на неусогласености

Повторување- Проверка на локација (Индивидуални и тимски задачи)

Пауза за кафе

Повторување- Проверка на локација (Индивидуални и тимски задачи)

13:00-14:00

Пауза за ручек

14:00-17:30

Повторување на клучните теми

Повторување- Проверка на локација (Индивидуални и тимски задачи)

Пауза за кафе

Предиспитна вежба-четврта

Преглед на четвртата предиспитна вежба

Лекција 10. Извештај од проверка и следење на активностите кои произлегуваат од Извештајот

Тимска работа 04- Завршен состанок


5.ДЕН

Времетраење

Опис на активности

08:30-11:00

Повторување на клучните теми и цели на обуката од претходниот ден (Лекција 9- Лекција 10 дел1)

Преглед на Тимската работа 04

Лекција 10. Повторување- Извештај од проверка и следење на активностите кои произлегуваат од Извештајот

Пауза за кафе

Вовед во испитот

11:00-13:00

Завршен испит

13:00-14:00

Пауза за ручек

14:00-16:30

Тимска работа 05- Менаџмент на корективни мерки

Преглед на Тимската работа 05

Лекција 11. Чекори на сертификација на проверувачите на СМК

Лекција 12. Стандардизација, акредитација и сертификација

Анкета за обуката




Активностите за време на обуката се спроведуваат согласно FDA методата – идентификација на тема, задача и менторирање на дискусија и усогласување на идеи.

Времето предвидено за завршување на обуката е приближно и може да се менува во зависност од завршувањето на активностите.

>