Курс за интерни проверувачи

Интерцерт организира 2-дневна обука за Интерни проверувачи за новата верзија на стандардот ISO 9001:2015.

Обуката ќе се одржи на 17 (четврток) и 18 (петок) ноември, 2016 во Конференциска сала на ЕМК, ул. Васил Ѓоргов 29 лок. 6, Скопје.

ЦЕЛ НА OБУКАТА:


Целта на обуката е на учесниците да им ги презентира измените во новата верзија на Стандардот и на најдобар начин да се подготват за мигрирање кон новата верзија.

Обуката, исто така, има цел да ги оспособи учесниците за спроведување на интерните проверки според новата верзија на Стандардот ISO 9001:2015.




ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА:

Обуката е наменета за менаџери за квалитет, сопственици на компании, раководни лица, интерни проверувачи, членови на тим за квалитет, лица вклучени во имплементација, како и сите останати кандидати кои се заинтересирани да се информираат и да станат интерни проверувачи на Стандардот ISO 9001:2015.

ПРИДОБИВКИ:

По завршувањето на обуката кандидатите ќе бидат обучени да: - Ги разбираат термините и дефинициите во врска со ISO 9001:2015
- Ги толкуваат во пракса барањата на ISO 9001:2015 од позиција на проверувачи
- Ги разбираат промените помеѓу новата верзија ISO 9001:2015 и старата верзија на стандардот ISO 9001:2008
- Подготвуваат, планираат и спроведуваат интерни проверки за ISO 9001:2015 со водење на адекватна документација


СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

Обуката се состои од предавања, презентации и практични вежби. Во текот на обуката ќе се спроведат и симулации за спроведување на интерна проверка, во која ќе учествуваат кандидатите, а на крајот на обуката ќе полагаат писмен испит по кој ќе се здобијат и со сертификат за успешно завршена обука.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКАТА:

Секој учесник на обуката ќе добие комплет од материјали, односно папка со програма за обуката, печатена презентација од обуката, како и печатена форма од практичните вежби од самата обука.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА:

Обуката ќе се изведе во два дена со времетраење од вкупно 16 часа.

НАЧИН НА РЕГИСТРАЦИЈА:

За да ја посетите оваа обука неопходно е да ja пополните Пријавата за учество на обука за интерни проверувачи и да го уплатите износот од 12.000 ден. + ДДВ на наша сметка најдоцна до 14 ноември 2016 г.

НАПОМЕНА:

- За пријавени 2 - 4 кандидати од иста организација следува 10% попуст
- За пријавени над 5 кандидати од иста организација следува 20% попуст
- Бројот на места е ограничен на 10. Заради големиот интерес, истите брзо се пополнуваат и затоа Ве замолуваме да резервирате веднаш.

macedonia


Уплата на:
ИНТЕРЦЕРТ ДООЕЛ Скопје
Шпаркасе Банка, ж-ка: 250-0050000572-68


Информации на: Дебарца 6 (Центар –Дебар маало)
1000 Скопје, Македонија
Тел. 02 615 88 99
Моб. 076 258 052
email: info@inter-cert.net





Назад кон Новости