ОБУКИ ЗА БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ И ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ СОГЛАСНО IATF 16949:2016

macedonia

Организира две дводневни обуки согласно стандардот IATF 16949:2016, обука за барањата на IATF 16949:2016 и обука за интерни проверувачи за IATF 16949:2016.

Во соработка со BSI од Велика Британија во периодот 19-22 февруари 2018 организираме дводневна обука за запознавање со барањата на стандардот и дводневна обука за интерни проверувачи согласно IATF 16949:2016. The British Standards Institution е акредитирана од IATF (International Automotive Task Force) за сертификација на компании вклучени во синџирот на испорака во автомобилската индустрија. Стандардот IATF 16949:2016 ги дефинира барањата за системите за управување со квалитет при дизајн и развој, производство, инсталација и сервис на производи од автомобилската индустрија. Стандардот се применува низ сите алки на синџирот на снабдување.


macedonia



ОБУКА ЗА БАРАЊАТА НА IATF 16949:2016 (19-20 ФЕВРУАРИ 2018)

Оваа обука ќе ви овозможи да ги препознаете клучните барања, како и структурата на ефективен систем за управување со квалитет во автомобилска индустрија и што тоа значи за вас. Ќе стекнете темелно познавање за историјата и развојот на IATF 16949:2016, клучни термини, дефиниции и интеграција и усогласување со ИСО стандардизираното високо ниво на структура. Ќе научите да толкувате клучни концепти и принципи на стандардот.

За кого е наменета?

Секој што е вклучен во планирањето, воведувањето, одржувањето, надгледувањето или проверувањето на системи за управување согласно IATF 16949:2016.

Учесниците ќе бидат во состојба да дефинираат:

Зошто стандардот е воведен
Историјата на IATF 16949:2016, улогата на IATF и стандардите кои што ја поддржуваат програмата
Односот меѓу IATF 16949, ISO 9001 и високото ниво на структура на Annex SL
Термини и дефиниции на ISO 9000:2015 и IATF 16949:2016
Клучни концепти на ISO 9001:2015 и IATF 16949:2016
Барањата на ISO 9001:2015 и IATF 16949:2016


ОБУКА ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ СОГЛАСНО IATF 16949:2016 (21-22 ФЕВРУАРИ 2018)

Преку оваа обука ќе ги развиете потребните вештини за оценување и пријавување на усогласеноста и ефективното воведување на процесите, во согласност со IATF 16949:2016. Ќе научите како да покренете проверка, подгответе и реализирате активности врзани со проверка, да составете и дистрибуирате извештаи од проверка и да извршите активности за надоврзување на проверка.

За кого е наменета?

Секој што е вклучен во проверувањето, одржувањето или надгледувањето на систем за управување со квалитет во автомобилска индустрија согласно IATF 16949:2016.

Учесниците ќе имаат знаење да:

Ги опишат насоките на проверка на системи за управување согласно ISO 19011
Ги применат насоките на ISO 19011 при проверка на системи за управување согласно IATF 16949:2016
Го објаснат значењето на барањата специфични за клиентите во постапката на интерна проверка
Го идентификуваат автомобилскиот процесен пристап кога вршат проверка


Учесниците ќе ги имаат вештините да:

Планираат и започнат проверка
Подготват активности за проверка, водејќи сметка за барањата специфични за клиентот
Реализираат проверка користејќи процесен пристап
Подготват и дистрибуираат извештај од проверка
Ја окончат проверката
Да преземат активности за следењепосле проверката


Материјалите и предавањата на обуките се на англиски. На крајот од секоја обука учесниците ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат на BSI.

Доколку сте заинтересирани за пријавување за обуката, можете да нѐ контактирате на 078 269 483 или на kontakt@inter-cert.net. Краен рок за пријавување е 12.02.2018. Бројот на места е ограничен.



Назад кон Новости