Услуги кои ги нудиме - СЕРТИФИКАЦИЈА НА СЛЕДНИТЕ СТАНДАРДИ:

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА НА СТАНДАРДОТ ISO 9001:2015 - СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

  • Препознатливост на имиџот на компанијата и поголема конкурентност на пазарот;
  • Исполнување на барањата на Вашите клиенти (Стандардите стануваат услов за соработка со поголемите компании);
  • Поголем успех при настап на тендери; (стандардите се критериум за учество на домашни и меѓунсродни тендери);
  • Можност за освојување на нови пазари и соработка со компании од ЕУ;
  • Поголема одговорност и свест на вработените;
  • Зголемување на профитот;
  • Поефикасно и поефективно работење и намалување на загубите;
  • Вреднување и документирање на работните задачи;
  • Подобро искористување на времето и ресурсите и намалување на пропустите;
  • Подобра идентификација на производот или услугата;
  • Континуирано унапредување на квалитетот и ефикасноста.

Една од главните предности на ISO 9001:2015 е неговата применливост на сите видови дејности. Развиен е со користење на осумте основни принципи за управување со квалитет. Осумте основни принципи создаваат цврсти темели кои Раководството ги препознава како алат за водење на успешен бизнис.
ISO 9001:2015 го истакнува управувањето со процесите, мерењата, постојаните подобрувања, достигнувањето на целите и зголемената вклученост на врвното Раководство.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА НА СТАНДАРДОТ ISO 14001:2015 – СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

  • Унапредување на односите со јавните служби, службите за надзор на заштита на животната средина и локалните заедници;
  • Рано препознавање на проблемите од областа на животната средина;
  • Транспарентност на организацијата;
  • Задоволување на законските прописи и други барања;
  • Потврда за определба на организацијата кон заштитата на животната средина;
  • Намалување на ризикот за доведување до еколошка катастрофа.
  • ISO 14001:2015 е меѓународно признат стандард кој бара од Организациите, ефективно управување со своите влијанија врз животната средина низ посветеност за спречување или намалување на загадувањата, усогласеност со законската регулатива и постојано подобрување.

Со подобро управување на работните процеси во вашата компанија, можете да покажете дека работите на еколошки одговорен начин, при тоа усогласувајки ги релевантните закони и компаниската политика за заштита на животната средина.
ISO 14001:2015 бара посветеност кон постојано подобрување на придонесот за заштита на животната средина, а резултат на тоа ќе биде ефикасно користење на суровините, намалување на отпадот и намалување на трошоците.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА НА СТАНДАРДОТ OHSAS 18001:2007 – СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА

  • Ги сведува на минимум повредите на работното место;
  • Ги заштитува сите вработени во Организацијата како и посетителите во Организацијата;
  • Влијае врз спремноста на Раководството за правовремено отстранување на опасноста;
  • Усогласување на работните процеси и работните услови со законските прописи;
  • Ја подобрува генералната слика на Организацијата;
  • Дава предност на домашниот и меѓународниот Пазар.

OHSAS 18001:2007 ги специфицира барањата зададени според системот за безбедност и здравје при работа за да ја оспособи организацијата да ги контролира нејзините OHSASризици и да ги докаже своите перформанси.
Така остварените услови ви овозможуваат поуспешно работење, подобра прегледност на организацијата и непрекинато прилагодување на промените со ефикасни деловни и производни процеси.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА НА СТАНДАРДОТ ISO 20000-1:2011 – СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИТ УСЛУГИ

  • Ги усогласува ИТ услугите со деловната стратегија на компанијата;
  • Обезбедува поконзистентен пристап во ИТ услугите преку дефинриање на ИТ терминологијата;
  • Креира формална рамка за подобрување и управување со услугите;
  • Обезбедува интегриран процес на испорака на ИТ услугите;
  • Обезбедува креитериуми за мерење на перформансите;
  • Го подобрува имиџот на компанијата на пазарот;
  • Ги намалува ризиците и трошоците.

ISO 20000-1:2011 е погоден за секаков вид на дејност и големина на организации кои се засноваат врз ИТ услугите. Во време кога целокупното деловно работење на компниите се потпира врз Информатичката технологија и зависи од компаниите коишто нудат ИТ услуги (одржување на ИТ Системи, компјутерски мрежи, развој на софтвери, е-маркетинг, веб хостинг итн.), сертификацијата на овој Стандард овозможува имплементирање на најдобрите практики во давањето на ИТ услуги, како и следење на најновите трендови во областа на ИТ услугите за што поголема конкурентност на пазарот.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА НА СТАНДАРДОТ ISO 22000:2005 - СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

  • Обезбедува сигурност во заштитата на храната;
  • Го подобрува квалитетот и безбедноста на готовите производи;
  • Го намалува ризикот од труење со храна;
  • Ја подобрува комуникацијата во синџирот на снабдување;
  • Дефинира јасни правила во случај на итни случаи;
  • Ја зголемува довербата кај купувачите и соработниците на пазарот;
  • Ја намалува потребата и трошокот за тестирање на крајниот производ;
  • Обезбедува очигледна детална анализа;
  • Го зголемува моралот и мотивацијата на вработените за одржување на чиста работна средина.

Еден од предизвиците на нашето време е да се произведе и испорача безбедна храна.
Стандардот ISO 22000 е осмислен за да им помогне на претпријатијата да ги контролираат своите опасности по безбедноста на храната за да се осигура дека храната за време на конзумирање е безбедна.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА НА СТАНДАРДОТ ISO 27001:2013 - СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИ

  • Обезбедува систем на заштита на доверливите документи и информации;
  • Управува со ризици и поставува превентивни мерки;
  • Обезбедува поголема доверливост кај клиентите;
  • Пружа безбедна размена на информации во компанијата, како и со клиентите;
  • Ја усогласува работата со законската легислатива;
  • Го зголемува задоволството на клиентите
  • Ја штити компанијата, нејзиниот имот, опрема и целокупната инвестиција.

Безбедноста на информациите станува се поважна во современото општество. Современите државни и приватни субјекти сѐ повеќе и повеќе зависат од информатичката и комуникациската инфраструктура. Тоа им овозможува проток на големи количини на информации меѓу компаниите, но вооедно ги изложува информациите и информациските системи на бројни закани. Концептот на безбедносни информации не се однесува само на технички мерки за заштита (лозинки, програмски шифри, права на пристап, итн.), туку ISO 27001 подразбира и административни (безбедносни политики, правила, процедури) и физички мерки (видео надзор, заштита на простории, физички пристап, итн).

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА НА СТАНДАРДОТ ISO 50001 - СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА

  • Обезбедува систем за подобро искористување на енергетските ресурси;
  • Креира транспарентна рамка за полесна комуникација во управувањето со изворите на енергија;
  • Управува со енергијата според најдобрите практики и го подобрува управавувањето со енергијата;
  • Поставува проиритети за воведување на нови технологии за енергетска ефикасност;
  • Обезбедува размка за унапредување на енергетската ефикасност во синџирот на снабдување;
  • Создава проекти за намалување на емисиите во животната средина;
  • Го подобрува имиџот и ја прави компанијата општествено одговорна.

Енергијата и енергетската ефикасност е најновата перспектива на свеста кон којашто се стреми модерниот свет во 21 век. Планското и рационално искористување на енергијата им овозможува на компаниите во голема мера да ги заштедат своите ресурси, да ги намалат трошоците и воедно да ги намалат емисиите во животната средина, со што во јавноста се промовираат како општествено одговорна компанија.
Стандардот е наменет за која било организација без оглед на големината или бројот на процеси, без оглед на тоа дали е приватна или јавна организација и без оглед на географската положба.




СЕРТИФИКАЦИСКИ ЦИКЛУС:

1 Година :

Сертификациска проверка - 1ва Фаза – (Проверка на документација)

Сертификациска проверка - 2ра фаза (проверка на локација)

2 Година:

Редовна проверка

3 Година:

Редовна проверка

4 Година:

Ресертификациска проверка

Првиот сертификационен циклус се состои од сертификациска проверка и две редовни проверки.

Вториот сертификационен циклус (и сите наредни циклуси) се состои од ресертификациска проверка и две редовни проверки.