Профил на организацијата

ИНТЕРЦЕРТ е акредитирано сертификациско тело од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ). Сертификатите на ИНТЕРЦЕРТ се национално признати сертификати (Акредитација на ИАРМ). Информации за нашите клиенти како потврда за важност на сертификатот може да добиете со барање на нашата мејл адреса info@inter-cert.net.

Во партнерство со Полскиот центар за сертификација PCC-Cert, акредитирано сертификациско тело од страна на Полскиот центар за акредитација (PCA), нудимe меѓународно признати сертификати.

 

Македонскиот институт за акредитација ИАРМ и Полскиот центар за акредитација PCA се потписници на MLA (мултилатерален договор за признавање)на ИАФ (Меѓународниот акредитациски форум), меѓународна организација која ги поврзува акредитациските тела низ целиот свет и на ЕА (Европската организација за акредитација), која ги поврзува акредитациските тела во Европа и има потпишано заеднички договори за признавање, што значи дека сите акредитирани сертификати издадени од наша страна преку PCC-Cert се меѓународно признати во целиот свет.


ИНТЕРЦЕРТ ви нуди квалитет. Проверките, надзорот и (ре)сертификацијата, односно оценувањето на системите за управување од страна на ИНТЕРЦЕРТ се извршуваат преку тим од квалитетни, компетентни и високообразовани сертифицирани проверувачи. Главните проверувачи коишто го предводат тимот се воедно и членови на Техничкиот комитет при Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ).


Изберете КВАЛИТЕТ, особено кога го сертифицирате квалитетот на вашата компанија!